Од страна на Градоначалникот на Општина Крушево, Ѓорги Дамчески, во х.Монтана Палас беа доделени наградите на учесниците на Првоаприлскиот маскенбал 2017год. кои покажаа најголема креативност во изработката и презентацијата на маски.
Наградниот фонд се состоеше од книги за сите наградени и географски карти, а беа доделени во 3 категории: креативна маска (1 награда), поединечна маска (3 награди) и групна маска (3 награди).
- Креативна маска – „БЕБИЊА“, учениците од VIIа одд.
- I место групна маска – „АЛИСА ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА“, учениците од VIа одд.
- II место групна маска – „МЕДУЗИ“, учениците од IIa одд.
- III место групна маска – „ЕКО СТИЛИСИМО“, учениците од ПУ с.Врбоец
- I место поединечна маска – „КОЧАН“, Елисавети Илиеска, Vа одд.
- II место поединечна маска – „ЅВОНЧИЦА“, Леона Јанковска, IIб одд.
- III место поединечна маска – „КОСТУР“, Анастасиј Проески, IIIa одд.