Во период од три месеци на радио мрежата „Канал 77“ ќе се емитуваат реклами за Крушево кои ќе ги опфатат резултатите од Проектот за локална и регионална конкурентност, пот проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ во форма на туристичка промоција.
„Ова е голема промоција на Крушево. Туристичката понуда на градот се претставува на едно од најслушаните радија во државата и очекуваме тоа да придонесе за повеќе туристи и по завршување на летото. Покрај ова, реализираме многу други промотивни активности, кои се провлекуваат во текот на цела година и сето тоа дава одлични резултати“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Оваа реклама е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, пот проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ финансиран од ЕУ, администриран од Светска банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашања и општина Крушево.