Се конституира новиот состав на советот на општина Крушево а за негов претседател е избран Андреј Николоски.
Советот го сочинуваат 6 советници од СДСМ, 4 од ВМРО ДПМНЕ и 1 од коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива.
На конститутивната седница се обрати и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој се заблагодари на досегашниот состав на советот за учеството во многубројните проекти и на новите советници им посака успешна работа.
„Сакам да се заблагодарам на досегашниот претседател на советот кој својата работа ја водеше успешно и придонесе кон една хармонија во советот и консензус за најважните прашања за граѓаните. Тоа е веројатно најсилната порака која може да биде испратена до вас како идни советници. Партискиот интерес е оправдан, но никогаш не смее да биде пред граѓанскиот, општествениот, интересот на Крушево. Да го запаметиме ова.“, изјави Христоски.
По завршување на седницата на социјалните мрежи се обрати и досегашниот претседател на советот Тома Петроски.