Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Кому оди во прилог уништувањето на полетиштето за параглајдинг на Мечкин Камен?

Крушево Општина Крушево

Поведени од последните случувања на полетиштето за параглајдинг на Мечкин Камен каде вештачката трева беше намерно исечена и откорната со цел уништување на стартот за полетување, Општина Крушево апелира до граѓаните на Општина Крушево да не ја оштетуваат и уништуваат поставената инфраструктура и да се стават во нејзина заштита.

Полетиштето за параглајдинг на Мечкин Камен е во првите десет светски топ дестинации за параглајдинг и е основен предуслов за развој на летниот активен, авантуристички туризам во Крушево.

Општо добро кое сите ние треба заеднички да го чуваме и одржуваме.

Мени за пристапност