Минатиот понеделник, 02.04.2018г., Културна младинска акција ги промовираше производите за промоција на Крушево креирани од членовите на оваа неформална организација.
Изработката на производите за промовирање на Крушево е поддржана од Civic Engagement проектот на УСАИД, а оваа неформална група на млади луѓе е добитник на наградата за младинско учество за 2017 година.
Изработените материјали ќе бидат доставени до сите засегнати страни и истите ќе се користат за промоција и претставување на Крушево.