Во пензионерскиот дом во Крушево денес се одржа средба на која присуствуваа потенцијални згрижувачи на деца од Крушево со претставници од Министерството за труд и социјала, УНИЦЕФ, локалната самоуправа.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски во своето обраќање порача дека Крушево е пример во згрижувањето деца без родители и родителска грижа и ги повика граѓаните на општина Крушево да згрижуваат уште повеќе деца.
На оваа средба беа споделени и искуства од згрижувачки семејства.