Од страна на извидничкиот одред „Стара Корија“ од Крушево беше организирана акција за чистење на Крушевското езеро.
Членовите на новоформираното здружение несебично дадоа свој придонес во разубавувањето на Крушево и зачувувањето на природата околу Крушевското езеро.
Нивниот апел до сите граѓани и посетители на Крушево е да ја чуваат природата а со тоа и чистотата и убавината на нашето Крушево.