Денес, 8-ми март 2018г, Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски ги посети вработените во „Фалко“, СЕКЕ СА и „5 Летерс“ и на припадничките на женскиот пол додели цвеќиња како гест по повод празникот на жената.
Градоначалникот Христоски порача дека ова е едно мало внимание за вработените од овие фабрики.
„Ова е мало внимание за нашите сограѓанки. На сите им го честитам празникот 8-ми март и им посакува здравје, среќа и љубов во семејствата.“, потенцира Градоначалникот Христоски.