Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски се обрати на работна средба за концептот „Учи паметно, работи стручно“ кој се одржа на 18.02.2021 во Прилеп во присуство на Министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски.
Градоначалникот Христоски на средбата потенцира дека треба да се работи поактивно за произведување повеќе кадар онаму каде што е потребно, нешто што ќе повлече бенефит за самите млади, но и за работодавачите.
„Знаете, денес е вообичаено во недостаток од соодветен кадар на хотелска рецепција да видите вработен економист, правник и од ред други струки. Тоа не е само показател дека има недостаток од кадар, туку и дека многу млади луѓе можат да се пронајдат во овој сектор. Отворањето на нови сместувачки капацитети во текот на кризната 2020 година покажа дека Крушево има голем потенцијал и луѓето се повеќе се насочуваат кон пронаоѓање на своето место во угостителскиот сектор. Тука можат да се најдат сите не само како вработени на конкретна работна позиција, туку и како идни даватели на услуги, со свој бизнис во секторот.“, потенцира градоначалникот на општина Крушево.
На средбата присуствуваа и стопанственици од Прилеп и Крушево и директори на средни училишта.