Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Достоинствено одбележување на Илинден, денес филмот „Хомо“, утре изложба на Зоран Кардула

Достоинствено одбележување на Илинден, денес филмот „Хомо“, утре изложба на Зоран Кардула

Празникот Илинден се одбележи во пријатна атмосфера со покажано достоинство и со содржина за која присутните имаа пофални зборови.

Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ се заблагодари на сите кои го посетија Крушево на 2-ри август и најави богата програма во деновите што следат.

„Им благодариме на сите кои денес присуствуваа на одбележувањето на Илинден. Нека ни е вековит празникот! Манифестацијата продолжува на 3-ти август со проекција на филмот „Хомо“ награден во категоријата игран филм како најдобар на меѓународен натпревар во Англија.“, велат од Манифестацијата.

Еве што следува во наредните неколку денови:

03.08 Проекција на филмот „Хомот“. Летна сцена, почеток во 21 часот

04.08. Изложба на Зоран Кардула инспирирана од филмскиот серијал Star Wars и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден + ди џеј сет на Томи Бојаџи. Споменик Илинден, почеток во 20 часот.

05.08. Вечер посветена на влашката култура и традиција.

Целосната програма може да се погледне на следниот линк – 

КЛИК ДО НАСТАН.

Мени за пристапност