Во текот на вчерашниот ден, 31.03.2020, општина Крушево со поддршка на локалното население извршија дезинфекција во најголемиот дел од населените места.
Во продолжение погледнете каде детално се работеше:
С. Белушино низ селото и училиштето;
С. Борино низ селото, училиштето и џамијата;
С. Саждево низ селото, џамијата, училиштето;
С. Јакреново низ селото;
С. Норово низ селото, во училиштето;
С. Алданци низ селото и училиштето;
С. Врбоец низ селото;
С. Св.Митрани низ селото;
С. Милошево низ селото;
С. Пресил низ селото;
С. Бучин низ селото;
Преку социјалните мрежи градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски извести дека дополнително ќе се врши дезинфекција во подрачното училиште во Врбоец и училиштето и верскиот објект во Бучин.
Исто така, вработени од општина Крушево поделија заштитни маски и ракавици на сите продавници кои работат во градот со цел помош од општината за поголема заштита на оние кои се најмногу изложини на ризикот од вирусот.
Дезинфекцијата продолжува и денеска.
Претходно општина Крушево дезифицираше во институциите во град Крушево како средното и основното училиште, детската градинка, општината и други.