Општина Крушево од денес (08.07.2019) ја отвора анкетата за работата на СОУ “Наум Наумовски Борче“ Крушево преку која сака да го испита мислењето на граѓаните за работата на директорот, вработените и генерално за работата на училиштето.
Анкетата можете да ја пополните во просториите на општина Крушево и „онлајн“ на следниот линк: https://forms.gle/5C5rvU1siGcQkkd4A
Претходно, општина Крушево спроведе анкета за локаланта самоуправа и ЈКП „Комуна“, а по анкетата за „Наум Наумовски Борче“ ќе се анкетира и ООУ „Никола Карев“ Крушево.
