Синоќа, 06.08.2019, на градскиот плоштад „Никола Мартиноски“ се одржа коцнерт на хорот „Злата Мегленска“ на која пред присутните беа интонирани песни од Тоше Проески, изворни македонски песни, но и светски евергрини.
Во текот на вчерашниот ден започна и 16-тото Светско првенство во параглајдерство со 150 учесници од 49 земји од Светот.
Претходно, на 5-от ден од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ се одржа отворањето на т.н. „Летна сцена“ со концерт на Влатко Груевски и Андреј Наунов. Оваа Летна сцена е важна затоа што неколку години беше нефункционална и разрушена, но истата претставува место каде крушевчани проследувале голем број на манифестации во летниот период. Локалната самоуправа ја реконструираше и на 5-ти август ја стави во функција и истата беше преполна со околу 300 гости.
Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ продолжува вечева во 19 часот со театарската претстава за деца „Зеленковци“ и од 21 часот претстава за возрасни „Првин ќе ме земеш, па после ќе ме…“ на летната сцена.