Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес присуствуваше на одбележување на патрониот празник на СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево.
Училиштето одбележува 59 години од постоењето, а директорката Снежана Миленковска порача дека ова училиште секоја година брои многу успеси.
Патронатот беше одбележан со програма подготвена од учениците на СОУ „Наум Наумовски Борче“ и нивните професори, а по завршувањето следеше ликовна изложба и скромен коктел.