Денес (24.05.2018) Крушево на мотор го посетија 90 луѓе членови на Меѓународната полициска асоцијација од Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Хрватска како дел од 3-тата ИПА мото средба мај 2018.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски присуствуваше на пречекот на моторџиите и им посака добар престој тука, а гостите беа почестени со традиционалниот локум.
„Ова е промоција за Крушево и ги поканувам членовите на Меѓународната полициска асоцијација повторно да го посетат нашето Крушево“, порача градоначалникот Христоски.
Моторџиите го посетија Музејот на НОБ, гробот на Тоше Проески и спомен куќата „Тодор Проески“.
На крајот, општина Крушево доби благодарница како учесник во организацијата на овој настан.