115 години од смртта на првиот Претседател на првата Република на Балканот Никола Карев. Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и директорката на ООУ „Никола Карев“ Оливера Чавкароска положија цвеќе пред споменикот на Карев во Крушево и оддадоа почит на големиот македонски херој.
„Оваа година вонредната состојба и кризата со коронавируост не не’ спречи да оддадеме почит на нашиот херој и прв претседател на Крушевската Република. Одбележуваме 115 години и овој ден заедно со животното дел на Карев нека бидат водилка во нашата работа за граѓаните на општина Крушево и за поубав живот во државата.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Секоја година општина Крушево и ООУ „Никола Карев“ организираат приредба за одбележување на патрониот празник на основното училиште, но заради вонредната состојба и во насока на почитување на мерките и препораките за физичко дистанцирање оваа година таква приредба не се одржа.