Во периодот од 28.01.2019 до 03.02.2019 локалната самоуправа ги реализираше следните активности:
Неделен информатор – 28.01.2019 – 03.02.2019
28.01.
- Објавена е програмата за фестивалот When in Krusevo – Winter is Here.
Објавена програмата за When in Krusevo – Winter is Here
29.01
- Започнува процесот на децентрализација на НУ Историски музеј Крушево и НУ спомен куќа „Тодор Проески“.
Децентрализацијата на Историски музеј и спомен куќата на Тоше нема да имаат импликации врз буџетот на општината
30.01.
- За година и 3 месеци остваривме особен придонес во туризмот, културата, транспарентноста и заштеда на парите на граѓаните и нивно пренаменување за нивни суштински потреби.
За година и 3 месеци особен придонес во туризмот, културата, транспарентност и економија -
Агенцијата за млади и спорт објавува повик за наградување на млади талентирани деца.
Агенција за млади и спорт наградува млади талентирани лица -
Средба на градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и Претседателот на основна единица на Македонски полициски синдикат Крушево Живко Иваноски.
-
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ја посети спомен куќата „Тодор Проески“ и разговараше со вработените и раководителот на институцијата за важноста од професионално работење и управување со овој објект.
31.01
- Потсетување за јавен повик за учество на меѓународен саем за туризам во Белград, Србија.
Јавен повик до угостителите за учество на саем за туризам
01.02
- Градоначалникот Христоски додели опрема за членовите на Олимпик ски клубот за нордиско скијање, непосредно пред отпатувањето за меѓународен натпревар во Грција.
-
Општина Крушево го поддржува проектот на Министерството за здравство „Рурален доктор“, а спроведуван од здравствениот дом во Крушево.
Бесплатени здравствени прегледи за граѓаните од населените места