Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен повик за невработени лица за општо корисна работа

Институција која огласува: Општина Крушево

Рок на пријавување: 26/08/2020

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Крушево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08.2020 година објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  „Поддршка на заедницата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Крушево” за работно ангажирање со скратено работно време за период од

6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги);
7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)
заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Крушево.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од

6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги)
7 (седум)  месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)
статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
млади лица до 29 години
лица постари од 50 години
лица корисници на гарантирана минимална помош
лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
жртви на семејно насилство
самохрани родители
родители на 3 и повеќе деца
Заинтересираните невработени лица е потребно да се со следниве квалификации:

комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност и одговорност.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

образовен асистент – 2 извршители, во времетраење од 9 (девет) месеци
со завршено високо образование и тоа:

дипломиран психолог
дипломиран педагог
дипломиран дефектолог
дипломиран професор по одделенска настава
дипломиран наставник по одделенска настава
дипломиран учител
дипломиран професор
било кое високо образование со сертификат за психолошко-педагошка и методолошка дообразба
стекнат сертификат за образовен асистент
Работниот ангажман за образовните асистенти ќе се одвива во просториите на ООУ „Никола Карев“ Крушево.

негувател на стари и изнемоштени лица во домашни услови – 5 извршители, во времетраење од 6 (шест) месеци доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги или 7 (седум) месеци доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги
со завршено образование и тоа:

ССС  било кое четиригодишно средно образование
ССС  било кое тригодишно средно образование
медицинска сестра – средно образование
физиотерапевт – средно или високо образование
стекнат сертификат/лиценца  за негувател на стари и изнемоштени лица
Работниот ангажман за негувателите на стари и изнемоштени лица во домашни услови ќе се одвива на територијата на општина Крушево, во домашни услови кај крајните корисници.

негувател на лица со попречености кои го посетуваат Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево – 1 извршител, во времетраење од 6 (шест) месеци доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги или 7 (седум) месеци доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги
со завршено образование и тоа:

ССС  било кое четиригодишно средно образование
ССС  било кое тригодишно средно образование
медицинска сестра – средно образование
стекнат сертификат/лиценца  за работа со лица со попречености
Работниот ангажман за неговател на лица со попречености  ќе се одвива во Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево

едукатор на лица со попречености кои го посетуваат Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево – 1 извршител, во времетраење од 6 (шест) месеци доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги или 7 (седум) месеци доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги
со завршено високо образование и тоа:

дипломиран психолог
дипломиран социлог
дипломиран педагог
дипломиран дефектолог
дипломиран социјален работник
дипломиран професор по одделенска настава
дипломиран наставник по одделенска настава
дипломиран учител
дипломиран професор
било кое високо образование со сертификат за психолошко-педагошка и методолошка дообразба
стекнат сертификат за работа со лица со попречености
Работниот ангажман за едукатор на лица со попречености  ќе се одвива во Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Крушево во периодот од 20.08.2020 година до 26.08.2020 година, од 08:00 до 16:00 часот.

Поконкретните услови,  права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Крушево и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Крушево кај лицето Елена Илиеска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување – Центар за вработување Крушево кај лицето Евгенија Петроска,  Центар за социјлна работа Крушево кај лицето Василика Чавкароска.

ОПШТИНА КРУШЕВО

ГРАДОНАЧАЛНИК

м-р ТОМЕ ХРИСТОСКИ

Мени за пристапност