Институција која огласува: Oпштина Крушево и Агенцијата за вработување на Република Македонија
Рок на пријавување: 23/08/2016
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Крушево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016, Програмата Општинско – корисна работа, Oпштина Крушево и Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 10.08.2016 година објавуваат:
Ј А В Е Н О Г Л А С
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување-Центар за вработување Крушево во периодот од 10.08.2016 година до 23.08.2016 година.