EN
MK
 

Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1 за издавање во закуп на урбана опрема – 5 (пет) киосци поставени на КП бр. 4111/1 КО Крушево, м.в. Гумење по пат на јавно наддавање

Институција која огласува: Општина Крушево

Рок на пријавување: 07/04/2026

Врз основа на член 50 став 1 точки 15 и 16 од Законот за локалната самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 5/2002 и „Сл. Весник на РСМ “ бр. 202/24,) член 62 став 1 точка 15 и 16 од Статутот на Општина Крушево („Службен гласник на Општина Крушево“ бр. 01/07, 16/14, 7/19, 7/20 и 6/25 ), и точка 4 од Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Крушево за 2026 година бр. 08-1219/9 од 03.12.2025година,  Градоначалникот на Општина Крушево објавува ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1 за издавање во закуп на урбана опрема – 5 (пет) киосци поставени на КП бр. 4111/1 КО Крушево, м.в. Гумење по пат на јавно наддавање.

Предмет на Јавното наддавање согласно Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Крушево за 2026 година, урбаната опрема – 5 (пет) киосци поставени на КП бр. 4111/1 КО Крушево, м.в. Гумење, се сопственост на Општина Крушево.

Киосците поставени на м.в Гумење претставуваат урбана опрема наменета за продажба на: сувенири ,весници, цвеќиња, сладолед.

Согласно Програмата, киосците се издаваат во закуп за период од 5 (пет) години, сметано од денот на склучување на договорот.

Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани  физички и правни лица регистрирани за вршење на соодветна дејност во соодветен регистар согласно закон, кои ги исполнуваат условите во објавата.

Договорен орган е Општина Крушево, со седиште на адреса Никола Ѓурковиќ 16а, електронска пошта opstinakrusevo@krusevo.gov.mk, web – www.krusevo.gov.mk.

Лице за контакт кај договорниот орган е Наташа Папакоча, e-mail ntaleska@gmail.com.

Сите подетални податоци ќе ги најдете во Јавниот оглас во прилог:

Јавен оглас бр. 1 за издавање во закуп на 5 киосци на Гумења 03-373-1 од 23.03.2026

Мени за пристапност